Од ѕвезда на Силиконската долина до затвор: Таа е најмладата милијардерка на светот и ќе мора да помине 11 години зад решетки

popara1 јуни, 20231min00
349098_elizabetholms6_ff

Елизабет Холмс е позната како основач на компанијата „Теранос“ и најмладиот милијардер во светот. Таа е осудена на 11 години затвор за измама.

Некогаш големата ѕвезда на американската Силиконска долина беше осудена откако тврдеше дека технологијата што ја користи нејзината компанија може да дијагностицира различни болести кај секој човек и тоа од само неколку капки крв.

Холмс денеска беше однесена во американски затвор откако постојано се обидуваше да го одложи почетокот на казната.

Нејзината последна жалба беше одбиена и таа мораше да биде префрлена во затвор согласно законот.

Elizabet će u zatvoru provesti 11 godina

Исто така, покрај затворската казна, на жртвите на измамата и е наложено да им плати отштета од 452 милиони долари.

Заедно со Холмс, осуден е и нејзиниот поранешен љубовник Рамеш „Сани“ Балвани, кој веќе е зад решетки откако во одвоено судење беше осуден за неколку незаконски дела.

Холмс порано беше голема ѕвезда, често беше на насловните страници на разни списанија, а беше видена во друштво на познати личности од сите сфери, меѓу кои и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Elizabet je pokušala na sve načine da odloži služenje kazne, ali joj to nije uspelo

Нејзината измама е откриена по истрагата на магазинот „Wall Street Journal“ пред осум години.

Казната ќе ја отслужи во затвор кој се наоѓа на околу 250 километри од американскиот град Хјустон.

Тој затвор се вика Брајан, познат е по тоа што има минимално обезбедување и во него се сместени околу 650 жени кои имале проблеми со законот.

Познато е дека работните места кои затворениците ги извршуваат во затвор плаќаат само 0,12 долари на час, па дел од американската јавност едвај чека да види како Холмс ќе се снајде таму.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag