“Биг Мама” својот занает го започнала во ’90 те години со уште неколку атрактивни девојки, денес познати јавни личности. Во последниот период, меѓу макроата има голем број на жени. Познати како “мадам“, а девојките се повеќе им ja поклонуваат нивната доверба.
Еден од најголемите синџири на елитната проституција во Србија го води жена која во Белград е позната како Биг Мама.
Клопчето за елитната проституција почна да се одмотува и да се открива дека оваа дама со најстариот занает се занимава уште од ’90-тите години, заедно со неколку атрактивни девојки, сега познати личности од јавниот живот.
Белграѓанката Биг Мама е во брак со еден фудбалер, но тоа не и е прв брак. Еден од нејзините поранешни соработници отворено разговараше за работата на Биг Мама, кој сега има околу 40 години.
Целта: Да се омажите богато
– Уште на 15 години таа заедно со нејзината другарка започнале да “бркаат“ богати момци, направиле неколку пластични операции, добивале скапи подароци… Првата си ставила силикон во устата и прва го започнала занаетот. Првите клиенти и биле криминалци и спортисти. Имала ставено и силикони во градите, а нејзин пример била позната фолк дива – вака ја започнува приказната нашиот соговорник.
Биг Мама е, вели таа, има уништено голем број на богати луѓе, политичари, познати спортисти, криминалци … Има “обучено“ генерации и генерации на “спонзоруши“ од Белград. Наводно, најпрво ги загрижувала нејзините девојчиња и ги учела како да заведуваат милионери, па поради тоа го добила псевдонимот Голема Мама. Всушност, таа советувала една позната српска дама, како побогато да се омажи за милионер од странство.
– Баш таа “убавца“ е сега омажена за многу богат странец. Како? Верувале или не, после првиот секс на јахта, во креветот на сегашниот и сопруг пронашла коверт во кој имало 2.000 евра. Таа веднаш се јавила кај Биг Мама за да ја праша што да прави. Искусната мадам ја посоветувала да ги земе парите и да му го купи најскапиот часовник. Девојката го направила тоа и всушност се обезбедила за целиот нејзин живот. Понатаму, врската била крунисана со брак бидејќи милијардерот бил изненаден од гестот. Она што е најинтересно во целата приказна, е што Биг Мама била кај нејзе на свадба, за подоцна да ја отпише од листата на пријатели, со цел да не се дознае што всушност претходно работела – ја продолжи приказната нашиот соработник.
Како што дознаваме Биг Мама полека се повлекува од работата. Повеќето од нејзините придружничи заминале, а оние кои останале велат дека станува поприлично очајна.
– Финансиски го уништила и нејзиниот сопруг. Се чини дека тоа всушност полека почнува психички да ја уништува од една страна, а од друга страна, соработниците кои благодарение на неа, добро заработиле и добро се снашле во животот, ја имаат заборавено – вели нашиот соговорник.
“Српскиот крал на еротиката” потврдува дека Биг Мама долго време е позната дека успешно ги подведува младите жени и девојки.
– Имам слушнато за тоа, но ние никогаш не сме се сретнале и не знам дали уште работи затоа што јас се повлеков од работата во 1999 година. Голем дел од нејзините девојки доаѓале кај мене за да се огласат во мојот “Happy секс огласник” – открива српскиот крал на еротиката.
Тој додаде дека меѓу најпознатите “мадам“ во главниот град е и некоја извесна Стефани, која посредува многу долго време.
– Стефани има свои девојки, но исто така и таа се занимава со проституција. Таа работеше извесно време на Скадарлија, а сега мислам дека има свој “канцеларија“ некаде на Бањица – продолжува српскиот крал на еротиката.
Женска работа
Според неговата изјава, во последно време има многу повеќе жени отколку мажи кои се занимаваат со посредување.
– Повеќето од оние кои работат во Белград, Нови Сад и Пожаревац се жени. Можеби причината е во тоа што жените имаат многу поголема доверба едни во други, помалку ги малтретираат … Во мое време не беше така. Макроата најчесто беа мажи – раскажува српскиот крал на еротиката.
Социологот од Институтот за криминологија и социолошки истражувања, од друга страна, признава дека жените се попаметни бизнисмени, но не и понежни.
– Жените во нашата култура предизвикуваат помалку сомневање. Се верува дека тие нема да направат никакво зло кон својот пол, што всушност е спротивно. Оваа претпоставка не е точна. Тие може да имаат различен стил на посредување и на работа, но последиците се исти – оценуваат социолозите.