Турските Малдиви: Луксузен ресорт опкружен со чисто море за кој не мора да летате преку целиот свет

popara4 јуни, 20231min00
62559520-lujo-hotel-ala-carte-all-inclusive

Одморањето на Малдивите со поглед на тиркизните нијанси на Индискиот Океан е остварување на сонот за многумина, но ако архипелагот од бајките е малку предалеку за вас, размислете за Бодрум.

Турските Малдиви, како што го нарекоа и британските медиуми, на туристите им нуди најразновидни видови сместување, а меѓу ексклузивните варијанти е одморалиштето кое по својот изглед имитира повеќе егзотични региони. Затоа, доколку сакате гламурозно сместување, но не ви се лета на половина пат околу светот, погледнете го all inclusive хотелот Лујо во Гуверчинлик, на 26 километри од Бодрум.

Одморалиштето има три приватни плажи, осум ресторани, воден парк, четири отворени базени, 14 барови – и прекрасното море што ги опкружува. Сите соби се луксузно уредени и имаат приватни балкони или тераси, а вилите имаат приватни базени и градини.

Кога ќе се уморите од масажи и лежење на плажа, можете да се препуштите на спортови на вода – или да го истражувате Бодрум, каде историските атракции и шармантните улички се среќаваат со природните убавини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag