
Направете домашна маска за лице
Кивито е многу богато со витамин Ц, кој е одличен за кожата на лицето, а ова овошје содржи три пати повеќе витамин Ц од портокалот. Одлично е и за зајакнување на имунитетот, како и за борба против инфекции.
Кивито позитивно влијае на ткивата на нашето тело, потоа го контролира нивото на течности во телото, како и крвниот притисок и електролитите.
Омега-3 масните киселини и алфа-линолеинската киселина во семките од киви го одржуваат правилното функционирање на срцето, додека содржината на витамин Е го спречува создавањето на брчки и ја штити кожата од слободните радикали.
За да ги искористите сите споменати предности на ова овошје во служба на убавината, можете брзо и лесно во вашата кујна да направите маска за лице од киви, која ќе има одличен ефект во борбата против брчките и ќе и ја даде на вашата кожа потребната еластичност и ќе ја регенерира.
Маска за лице од киви
Излупете едно киви и изгмечете го со вилушка. Исцедете го вишокот сок и додадете една лажичка мед. Добро измешајте, нанесете на лицето и оставете 20 минути.
Оваа маска се препорачува да се користи еднаш месечно.