
Здравата кожа и чистата коса се повеќе од половина од добриот изглед! Сепак, на здравјето на кожата и косата влијаат многу сегменти, од начинот на одржување, до храната и надворешните влијанија.
Козметичките третмани се спасувачки, но не секој има средства да си дозволи нега на лице кај козметичар.
Затоа еве практичен совет како да направите маска за лице дома со помош на само три состојки.
Состојки:
банана (1/2), житарки (по желба, овесни снегулки, зоб…) – две лажици, лажичка мед
Може да додадете розова вода по потреба, а и не мора.
Постапка:
Изгмечете ја бананата и измешајте ја со житарките, додадете една лажичка мед. Додадете малку обична или розова вода, по желба. Оставете 5 минути да се соединат добро сите состојки и потоа нанесете на веќе исчистено лице.
Оставете ја маската да делува 10 до 15 минути, а потоа втријте ја на лицето со кружни движења. На овој начин дополнително ќе ги отстраните сите нечистотии кои се насобрале во порите на вашето лице. Не заборавајте на вратот и градите!