
Фрлањето пари на разни препарати не помага, а ретко која жена чисти со домашни!
Сите се трудиме да го направиме домот што е можно почист, особено на местата каде што најмногу се акумулираат бактериите – како бањата. Сепак, хемикалиите и другите средства за чистење не се секогаш единственото и најдобро решение.
Постојат и природни средства кои можеме да ги користиме за одржување на хигиената во домот, а некои се дури и поефикасни од хемикалиите што редовно ги купуваме.
А ако се прашувате како најефикасно да ја исчистите тоалетната школка, одговорот е едноставен – со користење оцет и сода бикарбона.

Состојки:
1 чаша 9% алкохолен оцет
сода
Употреба:
Загрејте го оцетот на околу 40 Целзиусови степени и измешајте го со содата.
За два децилитри оцет потребна ви е една голема лажица сода бикарбона.
Вака подготвената смеса истурете ја во казанчето и оставете да отстои. Најдобро би било тоа да го правите навечер, за во текот на ноќта водата помешана со смесата со сода и оцет да отстои доволно долго за да си ја заврши работата.