ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ СО БАНАНИ Сочни и многу вкусни

popara8 јуни, 20231min00
712050_2-mafini-1745601197_f

Малку брашно, кафеав шеќер, три банани и нешто повеќе од сто грама чоколадо, заедно со неколку состојки кои веројатно веќе ги имате дома, ќе бидат доволни за да ги направите овие вкусни мафини.

Состојки:

70 гр путер

200 гр брашно

100 гр кафеав шеќер

лажичка сода бикарбона

една лажичка прашок за пециво

прстофат сол

три зрели банани

лажичка екстракт од ванила

поголемо јајце

130 гр исечкана чоколада

Подготовка:

Во голема чинија измешајте ги брашното, шеќерот, содата, прашокот за пециво и солта. Растопете го путерот, изладете го, па изматете го со јајцата, испасираните банани и ванилата. Соединете ги двете смеси, измешајтесво ситно сечканата чоколада, истурете ги во подмачкани калапи за мафини и печете во рерна на 180 степени 20-25 минути.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma