ПОСТОЈАНО ДОЦНИТЕ? Еве што кажува тоа за вашата личност

popara28 јуни, 20241min00
Screenshot_3

Доцните секогаш или познавате некој што доцни? Во секое друштво има барем една личност која доцни секогаш и секаде. Без оглед на тоа колкупати ќе ѝ кажете дека не треба да касни и без оглед колку е важен настанот, секогаш доцни. Ако не сте вие личноста што постојано доцни сигурно знаете некој што е таков и веројатно тоа ве нервира, а големи се шансите и тоа да го сметате за непристојно и невоспитано.

 

 

 

 

Податоците што ги имаме ние можеби ќе ви помогнат да го смените мислењето за луѓето кои доцнат. Според едно ново истражување изгледа постои добра причина за нивното доцнење – науката покажала дека доцнењето е честа навика на успешни, креативни и оптимистични луѓе. Можеби ова не звучи логично, но еве објаснување.

 

Станува збор за луѓето кои секогаш доцнат поради својот позитивен и оптимистичен став. Тие често преземаат премногу обврски, го преценуваат количеството на време што го имаат на располагање и затоа им е тешко да се држат до каков било временски рок.

 

Истражувањето покажало и дека луѓето што доцнат не само што се поуспешни туку и поздрави и живеат подолго. Во една студија се докажало дека оптимистичните продавачи за исто време продале 88% повеќе роба отколку нивните колеги што не биле оптимистични. Друга студија спроведена од Универзитетот Харвард утврдила дека оптимизмот во раниот животен период им помага на луѓето да имаат подобро здравје и пониска стапка на смртност во наредните 15 до 40 години. Со други зборови, живеат подолго.

 

На крајот, кога сè ќе се собере, изгледа дека воопшто не е лошо што некои луѓе постојано доцнат бидејќи тие се попозитивни, поздрави и поуспешни – но, сосема сигурно дека ќе ги нервираат оние што доаѓаат навреме.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag