Необичните салонки во форма на фламинго се новиот моден хит, чинат дури 835 евра, но се наведува дека жените веќе побрзале да си го купат омилениот пар чевли.
Креативниот директор на брендот Џереми Скот за овогодинешната колекција пролет/лето бил инспириран од незаменливиот додаток за летните забави на базен и плажа.
Оваа колекција ја претстави уште во септември минатата година на модната недела во Милано, кога ревијата ја започна со црно-црвени комбинации украсени со срциња.
Потоа следуваа креации со цветни мотиви и серија неонски јакни. На крајот најмногу внимание привлече колекцијата која беше инспирирана од летните забави, односно душеците за базен и море.
Посебно се истакнаа пар розови салонки со фламинго на врвот – и го воодушевија модниот свет.