Дали знаете кој хороскопски знак ја носи „ласкавата“ титула „најиритантен“…
Тоа е – девицата!
Девиците важат за педантни, темелни и често „комплицирани“ личности…?
Иако другите знаци имаат особини кои не им се допаѓаат на многумина, се чини дека потребата на Девиците да ги комплицираат и наједноставните работи на светот ги надминува сите маани на другите хороскопски знаци. Речиси и да нема човек кој на спомнувањето на девицата нема да прокоментира дека „никогаш не сретнале покомплицирана личност“ или дека „многу е тешко да се работи со нив“.
Девиците се многу аналитички, толку многу што се граничи со какво било претерување, а при донесување одлуки мора да бидат запознаени и со најситните детали. Тие се непопустливи, критични, со ниска толеранција и премногу се грижат за речиси сè. Се испоставило дека овие особини се она што другите хороскопски знаци ги иритираат и се неподносливи, па често за девиците велат „иритантни се“.
Познати се како „пицајзли“ кои сакаат сè да биде во совршен ред и само како што замислиле, бидејќи се што отстапува од нивната визија за нештата е неприфатливо.
А ако се случи на некој начин да им замерите или да им направите нешто лошо, бидете сигурни дека никогаш, ама баш никогаш нема да го заборават тоа и ќе ја искористат секоја прилика да ве потсетат што сте направиле, дури и по 100 години. Така што и простувањето не е нивна силна страна…