Наместо да гладувате, подобро е еден оброк на ден да замените со овошен напиток, кој се подготвува многу едноставно. Напитоците од свежо овошје ви даваат доволно витамини, минерали и растителни влакна, а вашата кожа ја прават здрава и поубава. Само одберете кој напиток најмногу ви одговара.
Јогурт со краставица
Лесно се вари, го зајакнува имунитетот, го чисти организмот од отрови и го подобрува метаболизмот. Испасирајте 125 грама јогурт, една рендана краставица и две лажици нане.
Напиток од јагоди
Јагодите се богати со минерали и витамини А, Б, Ц и Е. Освен тоа, најмногу содржат вода, а богати се и со влакна, па ќе создадат чувство на ситост. Испасирајте 200 грама јагоди со 200 мл сурутка. Засладете со мед по желба.
Зелен чај со диња
Состојките што ги содржи дињата ја неутрализираат желбата за слатки, а зелениот чај ги разложува мастите и лесно можете да ги исфрлите од организмот. За овој напиток ви се потребни 200 мл свежо варен зелен чај со пет ливчиња свежо нане, засладен со мед. Кога ќе излади, во него додадете само пет парчиња диња.
Млечен коктел од праски
Праските содржат речиси 90% вода, но имаат многу витамини и минерали како калциум, железо или калиум. Освен тоа, го поттикнуваат метаболизмот, го чистат организмот, а млекото во коктелот ќе ве засити. Испасирајте една праска, сок од еден портокал и 200 мл обезмастено млеко. Можете да засладите со мед.
Ладен сок од манго
И мангото содржи многу витамини, особено витамин А и Ц. Го активира метаболизмот, а минералите како манган, калиум и цинк ќе помогнат вашата кожа и коса да изгледаат поздраво. Потребно ви е едно манго, 200 мл сок од тропско овошје и мраз. Мангото излупете го, извадете ги семките, испасирајте го и на крај додадете го сокот и мразот.