Архипелагот Мадалена на брегот на Сардинија во Италија е дом на бројни прекрасни плажи. Cala Coticcio на североисточниот брег на островот Капрера во Тиренското Море е еден таков магичен бисер.
Малата, но прекрасна плажа со ситен бел песок е составен дел од Националниот парк Ла Мадалена и е совршено место за капење и нуркање во летните месеци.
Опкружена е со прекрасно тиркизно море, карпи и медитеранска вегетација и е скриена од љубопитните очи. Поради својот магичен изглед, многумина ја споредуваат со плажите на рајот Тахити во Француска Полинезија.
Интересно е што минатата година властите го ограничија бројот на луѓе на кои им е дозволено да ја посетуваат плажата на 60 дневно, а вашето место треба однапред да го резервирате со локален водич. Луѓето фатени на посета на плажата без водич може да бидат казнети. Казни се издаваат и за земање песок од плажата, па доколку сакате да избегнете плаќање на патувањето од 3 евра и да не ги почитувате правилата, ова капење може да ве чини од 500 до 3500 евра.
Сите овие правила и казни Италијанците ги воведоа со цел да го спречат уништувањето на природните убавини на Сардинија и околните островчиња во екот на туристичката сезона.
Зошто многумина сонуваат да пливаат и да се сончаат во Cali Coticcio, дознајте во фотогалеријата.