Необично високи казни: Суми и до 36000 евра за пуштање гласна музика на плажа

popara20 јули, 20231min00
62592482-zvucnik-ilustracija

Плажата е место каде што често ќе најдете луѓе кои свират гласна музика без да се грижат за другите – а на Португалија официјално ѝ е преку глава од таквото однесување.

Така, португалската национална поморска управа (AMN) објави дека ќе почне да ги казнува луѓето кои пуштаат гласна музика со максимална казна од 36.000 евра. Да, добро прочитавте, за висината на максималната казна можете да си дозволите убав нов автомобил.

Според Evening Standard, индивидуалните казни за пуштање гласна музика ќе започнуваат од 200 евра, пред потенцијално да се зголемат до 4.000 евра за понатамошни прекршоци. Најголемата казна што може да и се изрече е 36.000 евра.

Сепак, точната јачина на звукот што налага таква казна не е особено јасна. АМН едноставно објави дека „преносливите звучници се забранети на плажите ако можат да ги вознемируваат другите посетители“ и дека поплаки за бучава можат да пријават и туристите и локалните жители.

Како и да е, ако планирате да пуштате песни на плажа во Португалија ова лето, можеби е најдобро да ги понесете слушалките!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag