Базен голем колку океан: Освежување долго еден километар и длабоко 3,5 метри

popara24 јули, 20231min00
62351327-san-alfonso-del-mar-cile

Во еден хотелски комплекс во Чиле се наоѓа еден од најголемите базени во светот, изграден од мултинационалната компанија Crystal Lagoons, кој повеќе личи на океан отколку на базен.

Иако сè уште мислиме дека ниту еден базен не може да се натпреварува со морето, при пливањето во овој има мали шанси да ви пречи гужвата во водата. Имено, базенот на приватното одморалиште Сан Алфонсо де Мар се простира на површина од околу осум хектари, а содржи вкупно 66 милиони галони филтрирано море од Тихиот Океан.

Од тронот на најголемиот базен во светот во 2015 година беше симнат од базенот на хотелот Ситистарс Шарм ел Шеик од Египет, кој со површина од 12,5 хектари е прогласен за најголем, а оваа информација е и во Гинисовата книга на рекорди.

И покрај ова, чилеанското водено чудо сè уште е многу посетено. Фактот дека има максимална длабочина од 3,5 метри покажува дека нема само да се забавувате во него. Во него можете да нуркате, а постои и можност за скијање на вода.

Но, од сите податоци, оној за големината е најимпресивен – базенот е голем колку 6000 стандардни базени. Тиркизната боја му дава посебен шарм на целиот базен, а температурата на водата е 26 степени, па затоа е многу поудобно и побезбедно да се плива овде отколку во океанот.

Базенот беше отворен во 2006 година, точно по пет години изградба, а за целиот проект беа потрошени меѓу 1,5 и 2 милијарди долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag