Медитерански бисер кој треба да се посети пред да го открие масовниот туризам

popara26 јули, 20231min00
62597666-bonifacio-korzika

Иако во близина на градот има прекрасни плажи, овој град најмногу го посетуваат жители од Корзика и Франција. Масовниот туризам сè уште не го открил.

Некои згради се наоѓаат на самиот раб на карпите

Бонифацио во јужниот дел на Корзика во францускиот департман „Corse-du-Sud“ е скриен бисер на Медитеранот. Станува збор за магичен средновековен град кој се наоѓа на варовнички карпи високи 70 метри кои ги заплискува Средоземното Море.

Одалечен е само 11 километри од Сардинија, од која го дели теснецот Бонафацио, кој го добил името по овој најјужен град на Корзика. Самиот град го добил името по Бонифациј II од Тоскана кој ги поразил Сарацените во првата половина на 9-тиот век и решил да го зацврсти ова место за да го заштити од понатамошни обиди за освојување.

62597669-bonifacio-korzika
62597667-bonifacio-korzika
62597666-bonifacio-korzika
62597668-bonifacio-korzika

Бонифацио е поделен на два дела – „vieille ville“ или стариот град, кој уште се нарекува и „la haute ville“ или горниот град, се наоѓа на местото на цитаделата изградена во 9-ти век, и од која има спектакуларен поглед на околината. Засврстениот дел од градот многупати бил реконструиран и реновиран, а денес повеќе функционира како музеј отколку како место каде што живее локалното население.

Повеќето од околу 3.000 жители на Бонифацио живеат во таканаречениот понов дел на градот околу пристаништето, каде што има бројни ресторани и кафулиња. Овде дефинитивно треба да ги пробате локалните специјалитети – школки полнети со рендано овчо сирење и модри домати „на бонафицијски начин“ кои прво се варат, а потоа се печат во рерна со јајца, натопен леб, лук и сирење.

Иако во близина на градот има прекрасни плажи, Бонифацио најмногу го посетуваат жители од Корзика и Франција. Масовниот туризам сè уште не го открил.

Ветровите овде можат да бидат толку силни што рибарските чамци не можат да го напуштат пристаништето поради високите бранови и силните струи. Затоа не е чудно што морското дно е исполнето со неколку потонати пиратски и други бродови кои се урнале на неговите брегови за време на бури, ниту пак тоа што ова место е исклучително популарно меѓу нуркачите и историчарите.