Шеталиштето де ла Треј е шеталиште во стариот град. На шеталиштето се наоѓа една од најдолгите клупи во светот, која се протега речиси по целата должина на шеталиштето. Тоа е совршено место за седење, уживање во пејзажот и гледање на луѓето.
Ако името на швајцарска Женева ве потсетува на истакната дама – не сте единствените. Иако Женева ја нуди и средновековната историја на стариот град, таа е и млад, жив град. Градот е полн со пешаци од сите возрасти и речиси целиот град е спој на старо и ново. А доколку одлучите да одите таму, еве неколку работи кои вреди да ги доживеете…
Стариот град
Стариот град е исполнет со кривулести камени улици полни со продавници и кафулиња. Тоа е прекрасно место за талкање и совршено место за почеток на вашата посета на Женева. Бројните плоштади и скриените дворови нудат поглед во секојдневниот живот на жителите на Женева во сегашноста, но и во минатото.
Народна палата
Шеталиштето де ла Треј е шеталиште во стариот град. На шеталиштето се наоѓа една од најдолгите клупи во светот, која се протега речиси по целата должина на шеталиштето. Тоа е совршено место за седење, уживање во пејзажот и гледање на луѓето.
Чоколадна турнеја
Тука е, се разбира, познатото вкусно швајцарско чоколадо. Можете да ги истражувате уличките на Женева за да ги најдете најдобрите продавници за чоколади, што дефинитивно е забавна авантура. Меѓутоа, ако сте кнап со време, вреди да земете една од турите за чоколадо со водич. Ќе вкусите се од чоколадо: пралини, топло чоколадо, колачи и многу повеќе.
Parc des Bastions
„Parc des Bastionѕ“ е зелена површина во центарот на Женева. Исполнета со широки тревници и прекрасни дрвја, паркот е популарно место за одмор од неколку часа. Главното обележје на паркот е реформациониот ѕид, монументален ѕид со збирка статуи посветени на главните фигури на реформацијата: Џон Калвин, Вилијам Фарел, Теодор Беза, Џон Нокс и други.