Кога „Сферата“ во Лас Вегас ги вклучи светилките за овогодинешната прослава на Денот на американската независност, предизвика голема врева на патиштата во тој популарен град за забави во Невада. Тоа е, имено, најголемата концертна сала во форма на сфера во светот, која се наоѓа во рамките на резортот Venetian во Лас Вегас.
Надворешноста на сферата е покриена со 54.000 квадратни метри LED диоди за да се создаде најголемиот закривен LED ѕид во светот. Може да се користи за проектирање на слика на било што, од очното јаболко до Земјината топка.
И навистина е импресивно.
Тоа го докажуваат многубројните извештаи во весниците од почетокот на јули, кои укажуваат дека многумина минувачи останале со отворени усти кога првпат во живо ја виделе осветлената Сфера. Автомобилите ненадејно застанувале на популарниот Стрип во Лас Вегас, а луѓето излегувале од возилата за да погледнат наоколу и да се фотографираат за социјалните мрежи.
Сферата е висока 112 метри и широка 157 метри во најшироката точка. Има девет нивоа – вклучувајќи го и подрумот каде ќе биде сместен ВИП клубот. Зафаќа површина од 81.300 метри квадратни, од кои две третини е концертната сала со 18.600 седишта.
Таа првенствено беше изградена како сала за концерти и други забавни настани со најсовремен аудио-видео систем. Опремен е со монументален LED екран со резолуција од 16 K и големина од 15.000 квадратни метри.
Станува збор за проект во Медисон Сквер Гарден вреден 2,3 милијарди долари кој беше најавен уште во 2018 година и требаше да биде завршен три години подоцна. Изградбата беше прекината поради проблеми со испораката на материјали за време на пандемијата на коронавирус.
Официјално треба да биде отворена за јавноста на 29 септември 2023 година, кога ќе се одржи концерт на ирската група U2.
Засега е познато само како изгледа однадвор. Дел од нејзините проекции од 4 јули годинава можете да погледнете во фотогалеријата.