Се што ви треба е една состојка која веќе ја имате дома
Мразот во замрзнувачот е ноќна мора од која не можете лесно да се ослободите, бидејќи бара да се извади се од замрзнувачот, да се одмрзне, да се отстрани вишокот мраз, да се исчисти, избрише, па да се врати храната…
За да се спасите од оваа мака, ви претставуваме трик за кој многумина тврдат дека е спас.
За да спречите формирање на мраз на рабовите на фрижидерот, прво исчистете го, односно одмрзнете ги и фрижидерот и замрзнувачот. Откако целосно ќе го исчистите уредот, исушете ги сите рабови и лесно премачкајте ги со масло.
Маслото треба да го отежне создавањето на нов мраз. Мразот најчесто е предизвикан од вишокот на влага во фрижидерот и замрзнувачот, затоа секогаш треба да водите сметка за сите кеси со храна што ги чувате внатре.
Проверете дали сите садови и кеси со намирници се затворени за да се минимизира истекувањето на вода.