Добро е да знаете: На кои европски аеродроми најдолго се чека?

popara2 септември, 20231min00
62600248-aerodrom

Прекрасно е да пристигнете на аеродром, да заклучите дека нема редици и да поминете без многу чекање. Од друга страна, спротивното е ужасно – чекањето во редици за да се качите на лет може да ги полуди дури и најмирните луѓе. Некои аеродроми се во првиот опис, некои во вториот, а ние ви пренесуваме кои ја имаа честа да се најдат во едната група, а кои во втората група…

Чекањето во ред е дефинитивно една од оние работи што никому не му се допаѓаат. Сепак, тоа е неизбежно досадна, но неопходна состојба на речиси секое патување со авион. Пријавување, оставање багаж, безбедносни проверки, гранична контрола, качување, барање на багаж и царина – списокот на места каде што треба да чекате во редица на аеродромот е речиси исто колку и самите редици.

Но, кога минутите ќе се претворат во часови, чекањето во ред може да премине од досадно до целосно погубно за патникот, а вие ќе сакате само да се жалите зашто трошите време.

Аеродромите се борат да се справат со зголемената побарувачка за летови, предизвикувајќи патувачки хаос во изминатите неколку лета. А со зголемениот број на патници доаѓа потенцијалот за големи доцнења.

За да им помогне на патниците да планираат однапред, компанијата за одмори Casago состави листа на најдобри и најлоши аеродроми во однос на времето на редици, користејќи ги искуствата на патниците од airlinequality.com. Секоја рецензија даваше оценка од една до пет ѕвезди за времето на чекање во редици, и ова беше анализирано за да се добие сеопфатен ранг на аеродромите, кој потоа беше организиран по континент.

Според оваа анкета, победничкиот аеродром е на Балканот. Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е најдобро оценет аеродром за чекање во редица, со 66,67 отсто позитивни оценки. На второ место заврши аеродромот во Хелсинки, а на третото аеродромот во Штутгарт. На четвртото и петтото место се најдоа меѓународниот аеродром во Малта и аеродромот во Порто.

А најлошиот? Тоа би бил аеродромот Гренобл Алпи Изер во Франција, со слаб рејтинг од 1,59 отсто од четири или пет ѕвезди. Згора на тоа, тој не е само најлош во Европа, туку и во целиот свет. Вториот аеродром на кој треба да се вооружите со трпение е Берлин Бранденбург, а третиот е оној во Бордо, Франција. Во истата земја, чекањето во редови е очигледно огромен проблем, со оглед на тоа што аеродромот Париз-Бове се најде на четвртото место, а Лондон Станстед на петтото место.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma