Туристите ја окарактеризираа оваа карипска дестинација како најдобра: А еве зошто

popara4 септември, 20231min00
Остров Домиинка Кариби

Нешто помалку од 50 километри долг, овој карипски остров е познат не само по своите феноменални плажи, туку и по богатото културно наследство, но и, во најмала рака, по интересната гастрономска понуда.

Долги години, островите на Карибите се на самиот врв на омилените дестинации за патниците од целиот свет.Со добра причина, се разбира.

Врз основа на мислењата и искуствата на читателите, „Travel and leisure“ секоја година доделува награди за најдобрите дестинации во светот.Дури 165.000 читатели, од вкупно повеќе од 685.000,ја издвоиле Доминика за најдобра.

Во текот на изминатите неколку години,Доминика првенствено привлекува посетители поради фокусот на островскиот туризам на природата, одржливоста и благосостојбата.

Островот на природата
Позната по разновидните природни пејзажи,Доминика може да се пофали со девет вулкани.Според тоа, на одредени плажи на овој остров песокот е карактеристично црн, што им дава посебен шарм.Иако има и плажи покриени со карактеристично белузлав,карипски песок, но и жолтеникав.

А за се да биде уште поинтересно, на островот има дури 365 реки, посочуваат од „Travelofpath“.

Богатата флора и фауна е уште една карактеристика на Доминика.На островот има езера и планински венци.А токму на Доминика се наоѓа највисокиот планински врв на целиот Кариби.

Пријателско население
Домородните жители на овој карипски остров,како и подоцнежните доселеници се една од причините зошто туристите се чувствуваат удобно за време на нивниот престој во Доминика.

Покрај англискиот јазик,кој е доминантен на островот,локалното население користи и креолски јазик,што е своевидна мешавина на различни јазици.

Првите жители на островот биле припадници на домородните жители на Калинаго,кои и денес живеат на островот и на посетителите им нудат можност да ја запознаат нивната култура и традиции,пред сè преку ора и производи што ги правеле рачно,но и фестивали на кои можат да присуствуваат туристи.

Зачувување на животната средина
Секој кој е свесен за важноста од зачувување на животната средина и сака да помине одмор на дестинација која е фокусирана на одржливоста,дефинитивно треба да размисли за посета на островот Доминика.

Пластиката за еднократна употреба е забранета на овој остров,како и стиропорот,додека посебно внимание се посветува на зачувување на природните ресурси.