Главниот град на Италија е еден од најпосетуваните градови во светот. Доколку планирате да го посетите, „наоружајте“ се со знаење.
Има само еден вечен град, а неговото име е Рим.Главниот град на Италија е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот и можеби овој септември е вашиот избор. Пред да го посетите за прв пат или повторно, дознајте повеќе за него.
* Според легендата, градот го основале браќата Ромул и Рем во 753 п.н.е.
* Рим има 2,7 милиони жители, а со околината бројката се искачува близу четири милиони.
View this post on Instagram
* Зборот „палата“ доаѓа од римскиот Палатински рид, каде што царот Август ја воспоставил традицијата царевите да ги градат своите палати таму.
* Секој ден од Фонтаната ди Треви се извлекуваат околу 3.000 евра кои потоа се донираат на Каритас.
View this post on Instagram
* Градот денес има околу 300 фонтани и 900 цркви.
* Основан и издигнат на седум рида.
View this post on Instagram
* Маскотата на Рим е волчица, која, според легендата, ги доела Ромул и Рем.
* Рим стана главен град во 1870 година, „земајќи ја“ таа титула од Фиренца.
View this post on Instagram
* Во Рим постои закон кој дозволува мачките да живеат слободно таму каде што се родени, па ако погледнете внимателно, ќе видите многу мачки на ѕидовите на Колосеумот.
* Се смета дека повеќе од половина милион луѓе ги загубиле животите во гладијаторска борба.
View this post on Instagram
* Првиот предвесник на трговскиот центар бил отворен во Рим околу 110 година
*Градот годишно го посетуваат над 12 милиони туристи, од кои пет милиони ги посетуваат музеите на Ватикан.
* Старите Римјани ги бакнувале своите сопруги на крајот од денот, но не од романтични причини, туку за да проверат дали пиеле вино тој ден.