Гратчето во кое се наоѓа најстариот рудник на сол храбро се бори со прекумерниот туризам

popara21 септември, 20231min00
halstat-55-830x0

Веројатно никој не можеше да претпостави дека малиот австриски град, кој е познат по најстариот рудник за сол во светот, ќе стане една од најатрактивните дестинации во провинцијата Горна Австрија.

Халштат се наоѓа на патот што ги поврзува Салцбург и Грац, во подножјето на планината Дахштајн, на истоименото езеро.

https://xdn.tf.rs/2019/10/19/halstata-55-830x0.jpg

Благодарение на својата исклучително богата, приближно седумилјадна историја и значење за културата на земјата, Халштат е дел од списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1997 година.

Меѓутоа, Халастат е и место кое се бори со проблемот на прекумерниот туризам. И колку што туристичките посети имаат позитивно влијание врз економијата, на крајот на август жителите на овој интересен австриски град организираа протест. Според Би-Би-Си, во таа прилика побарале да се воведе ограничување на бројот на посетители на дневна основа, но и да се воведе забрана за пристигнување на туристички автобуси во градот по 17 часот по локално време.

https://xdn.tf.rs/2020/09/12/hallstatt-19902011920-830x0.jpg

Кога револтираните жители на Халштат во текот на месец мај едноставно ставија дрвена бариера на местото кое најчесто го посетуваат туристите, бидејќи тоа се смета за совршена локација за правење селфи, градоначалникот изјави дека сака да го намали бројот на туристички автобуси кои доаѓаат до градот дури за една третина. Сосема разбирливо, кога ќе се земе предвид фактот дека малото гратче во кое живеат и помалку од илјада постојани жители, во периодот пред почетокот на пандемијата го посетувале просечно околу милион туристи годишно.

https://xdn.tf.rs/2020/09/12/hallstatt-36524101920-830x0.jpg

Ако се земе предвид дека луѓето се смета дека се населиле во областа на денешниот Халштат пред околу седум илјади години, сосема е јасно дека ова е град со богата историја.

Оригиналните жители користеле сол од блискиот рудник, што довело до еден период во историјата да биде именуван по овој град. Периодот Халштат траел од 800 до 400 п.н.е.

https://xdn.tf.rs/2020/09/12/hallstatt-36098631920-830x0.jpg?ver=423249

Посетата на најстариот рудник за сол во целиот свет е една од најпопуларните туристички активности, иако не помалку интересно е да се посети и музејот за светско наследство, кој се наоѓа во самиот центар на овој мал град.

Иако денес претставува своевидна туристичка атракција, езерото Халштат е познато по податокот кој е исклучително значаен во историска смисла.

https://xdn.tf.rs/2020/09/12/hallstatt-47548821920-830x0.jpg

Имено, на тоа езеро е почетокот на индустрискиот цевковод, кој е прв во светот и кој се уште функционира, посочува „Википедија“. Преку тој цевковод, на крајот на 16 век, солена вода се доставувала до Бад Ишл, односно до регионот Ебензеа.

Вкупната површина на ова езеро е нешто поголема од 8,5 квадратни километри, додека се проценува дека најголемата длабочина на езерото Халштат е 125 метри.

https://xdn.tf.rs/2019/10/19/halstat-11-830x0.jpg

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma