Кој е датумот на истекување на маскарата?Ако не ја замените – ризикувате да ги изгубите трепките

popara28 септември, 20231min00
МАСКАРА ЗА ОЧИ

Иако многумина мислат дека маскарата нема рок на траење, се препорачува да ја смените по одреден временски период.Иако многу жени немаат навика да го прават ова,по одредено време треба да ја фрлите старата козметика и да купите нова.Преовладува мислењето дека производите за шминка не можат да се расипат,но тоа не е точно.

– Акумулацијата на бактерии со текот на времето е честа појава кај маскарите.Заменувањето на маскарата на секои три месеци го намалува растот на бактериите и може да помогне при сувост, алергиски реакции,црвенило и иритација – нагласува офталмологот Бредли Розен.

Со оглед на тоа што прашината лесно се собира на маскарите и тие се предмет на сушење бидејќи стапчињата постојано се изложени на воздух,тоа може лошо да влијае и на вас и на вашето тело.

Со текот на времето може да предизвика алергија, но во некои случаи може да доведе дури и до губење на трепките или конјунктивитис, пишува порталот „Yourizzy“.

 

По колку време треба да купам нова маскара?

-Кога маскарата ќе почне да се згрутчува,се лепи,или ги суши трепките

-Кога повеќе други луѓе ја користат таа маскара

-Кога маскарата ќе почне да добива непријатен мирис

-Ако ја оставите маскарата предолго на топли места

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag