САКАТЕ ДА ПРЕСТОЈУВАТЕ ВО КУЌАТА НА ШРЕК? AIRBNB ВИ ЈА НУДИ ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТНО

popara30 октомври, 20231min00
ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА ПРЕСТОЈУВАТЕ ВО КУЌАТА НА ШРЕК, AIRBNB ВИ ЈА НУДИ ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТНО

Airbnb нуди сместување во куќата на Шрек, која е реновирана специјално за месецот кога се слави Ноќта на вештерките!

Ако некогаш сте посакале да живеете како Шрек,токму тоа ви дозволува Airbnb,а еден викенд (од 27 до 29 октомври) е потполно бесплатен.

Куќата се наоѓа во Шкотска,поточно Хајлендс и е опкружена со бујна вегетација и блата,има тоалет на отворено за да ви овозможи уште подобар увид во светот на познатиот лик.Ова е совршено место„за некој што бара осаменост“,според платформата Airbnb,која прецизира дека таму можат да престојуваат најмногу три лица.

Според платформата Airbnb,домаќин на куќата е магаренцето кое ве чека да „уживате во вкусна вечера,да раскажувате приказни околу огнот или да ги пробате познатите вафли,подготвени наутро“.

Некогаш рај за ликови од бајките,Шрековото мочуриште носи сосема ново значење на терминот „куќа на дрво“.Со паметна употреба на дрвото,шармантно рустикален ентериер и легендарен двор,мочуриштето сигурно ќе понуди искуство кое не е како кое било друго.

Можете да резервирате сместување во куќата на Шрек од 13 октомври на веб-страницата на Airbnb.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag