Додека шетате низ Копенхаген, вниманието ви го привлекуваат клупите кои се 85 сантиметри повисоки од обичните. Градските гиганти ги постави ТВ-компанијата, но не за снимање, туку за проектот The Copenhagen Bench – 2100 Edition. Целта на проектот е да се поттикне јавноста да размислува за климатските промени и опасностите од покачувањето на нивото на морето.
„Според ОН, глобалното ниво на морињата ќе се зголеми за еден метар пред крајот на векот и тоа ќе има големо влијание врз Данска ако не дејствуваме сега“, рече Каспер Адсбол, еден од луѓето одговорни за кампањата.
Данска е многу низок регион, а делови од Копенхаген се на само неколку метри надморска височина, што ја става во голем ризик од покачување на нивото на морето и поплави.
Секоја од десетте високи клупи има и бакарна плоча на која пишува дека поплавите ќе станат дел од нашето секојдневие доколку не почнеме да правиме нешто за климата. Според извештајот на ОН, се очекува нивото на морето да се зголеми за еден метар до 2100 година доколку продолжи глобалното затоплување.