Од парот кој ќе ја добие работата се очекува да управува со објекти и настани,а освен да знаат како функционираат социјалните мрежи, мора да имаат искуство и во водење на луксузната индустрија,која вклучува работа на јахти или вили.
Мистериозен милијардер има понуда за една среќна двојка од 185.000 долари за една година да живее на неговиот приватен остров на Карибите,но има одредени условипишуваат Fairfax and Kensington.
Според огласот објавен од гореспоменатата агенција за регрутирање,избраната двојка се очекува да работи со полно работно време,а работата за која ќе бидат платени вклучува и промовирање на приватниот остров на социјалните мрежи.
Нивната главна одговорност ќе биде да снимаат секојдневно на Британските Девствени Острови,документирање на напредокот и изградбата на имоти за да го претстават местото како вистинска мала луксузна оаза.
Џорџ Дан од агенцијата Fairfax and Kensington истакна дека сопственикот сака да ја промовира убавината на островот на кој го изнајмува имотот,но за тоа сака да вработи влијателни луѓе на кои тоа ќе им биде нова работа.
Од парот кој ќе ја добие работата се очекува да управува со објекти и настани, а освен да знаат како функционираат социјалните мрежи, мора да имаат искуство и во водење на луксузната индустрија, која вклучува работа на јахти или вили.
Вработен брачен пар за една година ќе добие повратен билет за дома, како и 25 дена годишен одмор што ќе може да го користат на соседните острови.
View this post on Instagram
Интересно е што идентитетот на сопственикот и деталите за островот сè уште се тајна.Инаку, сопствени приватни острови во оваа област имаат и сопственикот на Virgin Airlines,Ричард Бренсон и еден од основачите на Google,Лери Пејџ.
За да се пријават,влијателните парови мора да достават видео на TikTok кое ќе го прегледа личниот тим на милијардерот,а според информациите од агенцијата,наскоро ќе бидат избрани кандидатите.