Архитектот Лук Кларк проектира големи куќи за богати клиенти од својот стан кој личи на кутија за чевли – и е целосно задоволен. Нема кујна, како ни класичен тоалет, креветот морал сам да го направи бидејќи неможел да ги најде димензиите кои ќе му се вклопат во просторот.
Бидејќи нема кујна тој микробрановата печка ја стави во плакарот за чевли, а фрижидерот го вградил над работната маса, каде тој го поминува поголемиот дел од времето. Минијатурната бања ја дели со уште три споени станови, но тој не помислува на преселба, бидејќи пред се станот е на одлична локација, во срцето на Менхетен.
Киријата за станот изнесува 780 долари, што е релативно добро за таква локација, но е цело богатство со оглед на големината на просторот.
Погледнете како се живее во седум метри квадратни!
httpv://www.youtube.com/watch?v=Q4FoAr8i26g