САМО ИСПЛОВИ ОД ВОДАТА! Јапонија преку ноќ доби НОВ ОСТРОВ

popara12 ноември, 20231min00
Screenshot_15

Најновиот остров на светот излезе од морето во близина на брегот на јапонскиот вулкански остров Иво Џима во Тихиот Океан.

 

 

 

Јапонската метеоролошка агенција (JMA) изјави за Си-Ен-Ен дека неименуваниот остров е формиран по подводна вулканска ерупција.

 

На 1 ноември, поморските сили го снимиле како излегува од океанот. На фотографиите се гледа мала ерупција покрај островот од која блика темен облак од пепел. Новосоздадениот остров сега е дел од синџирот острови Огасавара.

ЈМА од минатата година бележи вулканска активност на тоа подрачје. Институтот за истражување на земјотреси на Универзитетот во Токио потврдиле дека на 30 октомври се случила моќна ерупција што го создала островот.

 

Вулканологот Сецуја Накада изјави за Japan Times дека магмата се акумулирала под вода некое време, за подоцна да избие на површината. Островот се наоѓа на околу 1.200 километри јужно од копното на Јапонија и на еден километар од Иво Џима.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma