Во Јужна Кореја каде зависноста од интернетот е се поголем проблем, отворена е првата болница каде исклучиво ќе се лечи зависноста од интернет и видео игри.
Болницата Save Brain предводена од д-р Ли Ј. Вон кој инаку предходно објасни дека лечењето на зависниците започнува со скенирање на мозокот, ставајќи на него десетина електроди, со цел да се види колку одредени зони на мозокот отстапуваат од нормалното функционирање.
Докторот смета дека постојат два типа на веб зависници, едните кои се повлечени и кои повеќе ја сакаат изолираноста и виртуелната анонимност од реалноста, а вториот тип се оние кои на интернет ги превлекува насилството и илузијата за моќ.