Трик со кој сите обувки може да станат водоотпорни: Потребен е еден предмет кој сигурно го имате дома

popara18 ноември, 20231min00
Feet of a man walking through a flooded street after heavy rain

Сезоната на дождови започна, а ако ви се случило чевлите да ви се натопат на дождот и да ви се намократ стапалата, не грижете се, со еден трик секој чевел може да стане водоотпорен.

Иако по правило, кожните чевли мора да се користат и за дождливи услови, понекогаш не зафаќа дожд кога веќе сме излегле од дома и сме згрешиле со изборот на обувките. Секако, може да се случи и да не сте ја подновиле гардеробата, па во плакарот да имате само платнени патики. Но и тука има помош!

Со овој метод можете да ги претворите и вашите омилени летни чевли со ткаенина во водоотпорни чевли и тоа во рок од неколку минути.

Сè што ви треба е обична свеќа која веројатно ја имате дома. Со свеќа убаво истријте ги чевлите и загрејте ги со фен за растопениот восок да влезе во сите пори на материјалот. Потоа оставете го да се исуши и подготвени сте за најголемиот дожд.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma