Еден од најубавите актери, Бред Пит не поминал лесно при разделбата со Џенифер Анистон. Тој за време на снимањето на филмот “Г-дин и Г-ѓа Смит” имал љубовна афера со Џоли, по што и признал за неверството на Џенифер. Кога таа го слушнала тоа го избркала од заедничиот дом и ги исфрлила сите негови работи.
Ова го тврди продуцентот на филмот “Г-дин и Г-ѓа Смит”, Арнон Милхан кој се спрема да напише книга за љубовниот триаголник на Џоли, Бред и Џенифер.
Сето ова не би се случило доколку не се инсистирало токму Бред да ја има главната улога во овој филм. Кога на Бред му било соопштено дека треба да глуми во овој филм и дека партнерка ќе му биде Никол Кидман тој ја одбил понудата, со изговорот дека помеѓу него и Никол нема никаква хемија и тоа може негативно да се одрази на филмот.
Тогаш улогата и била понудена на Џоли, при што се случи една од најголемите љубови во Холивуд.