Песната која Леонард Коен ја пишувал цела декада и ја променил 180 пати

popara29 декември, 20231min00
Leonard Cohen In Concert

Коен размислувал за одредени песни со денови, недели и месеци. Иако знаел дека овие музички дела ќе станат класици, тој се соочил со предизвици при нивното лансирање поради отпорот на издавачката куќа. Една таква песна е веројатно неговиот најголем хит „Hallelujah“.

Комплексноста на оваа песна и поетската природа на текстот не се случиле преку ноќ. Коен откри дека конечната верзија не била создадена додека не биле напишани 180 различни верзии.

Тоа било креативно патување кое траело повеќе од една деценија, а дури и кога било завршено, песната била отфрлена од неговата издавачка куќа.

Коен на својата издавачка куќа и го претставил албумот Various Positions, на кој Hallelujah би бил една од клучните песни, но претседателот на компанијата, Валтер Јетникоф, го одбил целиот проект. Тој не дал многу конструктивен фидбек, но наместо тоа дал општи коментари како да не му се допаѓа миксот.

Аранжерот и продуцент на делото, Џон Лисауер, се присети на неговото изненадување кога песната беше одбиена: „Леонард ме праша дали сакам да го снимам албумот бидејќи има некои нови песни, вклучувајќи ја и онаа наречена Hallelujah“, рече тој, додавајќи: „Никогаш прашав за објаснување на стиховите бидејќи тоа би било навредливо. Само сакав да бидам публика. Навистина мислев дека ќе му се допадне на издавачот. Не бев во право. Јетников ја мразеше“.

Но, кога изгледаше дека песната може да падне во заборав, таа стана хит откако верзијата на Џон Кејл беше вклучена во саундтракот на анимираниот филм Шрек.

Денес, мислењата за песната продолжуваат да се разликуваат, но таа останува камен-темелник што го потврдува Коен како единствена икона на поп музиката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag