Градот кој е најоддалечен од морето: Место чии жители мора да поминат 2500 километри за да стигнат до брегот

29 декември, 20230
62694580-urumqi

Џунгарија или Џунгарска котлина е област во северниот дел на провинцијата Синџијанг во северозападна Кина каде што има точка која е внесена во книгата на рекорди. На координатите 46°16,8’N, 86°40,2’E, има место кое е запишано во Гинисовата книга како копнена позиција најоддалечена од отворено море – дури 2.648 километри. Најблиското отворено море е Бајдаратскаја Губа на север (Арктичкиот Океан), Фени Поинт на југ (Индијски Океан) и Бохај Вана на исток (Жолто Море).

Најголем град во таа област на Кина е Урумчи, чии жители истакнуваат дека тоа е најдлабокиот дел од земјата на цела планета – најблискиот брег е оддалечен повеќе од 2.500 километри. Во секој случај, Урумчи е многу интересна дестинација бидејќи се состои од уникатна мешавина на различни култури. Двете главни етнички групи се Хан-Кинезите и Ујгурите, но покрај нив има и Монголи, Казахстанци, Хуи и други. Освен со автомобил, од Пекинг со воз може да се стигне до Урумчи за 30 до 37 часа.

Ако вашето патување ве однесе до Урумчи, едно од местата за посета е Хонг Шан, или Црвениот рид, кој нуди прекрасен поглед на градот. Регионалниот музеј Ксинџијанг, како и пазарот Беи Јуан Чун каде можете да научите за традиционалната храна и да го почувствувате ритамот на градот се исто така некои од местата што не треба да ги пропуштите. Надвор од градот ќе го најдете „небесното езеро“, Тианшан Тианчи, планинско езеро кое се наоѓа на 1907 метри надморска височина. Планините Тианшан, чиј врв се издига до 7.439 метри, ги привлекуваат и љубителите на природата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi