Отстранете ги овие ДАМКИ од облеката: Се што ви треба е една позната состојка од кујната

popara29 декември, 20231min00
30a298bc57bbb463f24eaa2825a853a089141b2b

Понекогаш детергентот може да остави траги на облеката, а експертите за чистење открија како да ги отстранат. Ако ја преоптоварите машината, детергентот нема добро да се измие во вода. Наместо тоа, може да заврши на облеката, во форма на бели или сини дамки, траги од восок или тврда текстура.

Можеби мислевте дека е невозможно да се отстранат, но експертите за чистење рекоа за британскиот The Sun дека можете да ги исчистите – со алкохолен оцет. Експертите објаснија: „Може да се појават дамки од детергент за перење ако детергентот не се исплакне правилно“.

За среќа, овие типови на дамки прилично лесно се отстрануваат. За да ги отстраните дамките, измешајте една чаша оцет со еден литар вода во мијалникот. Во растворот ставете извалкана облека и втријте ја ткаенината за да го отстраните детергентот..

Оставете ја облеката да отстои еден час и ставете ја во машина сама или со неколку парчиња облека. Клучот не е да се преоптоварува машината за да може детергентот да излезе од ткаенината.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma