Готвачите кршат јајца како на шега, но ако можете да се потсетите на вашите кулинарски почетоци, ќе се сетите дека кршењето јајца на почетокот не било лесно. Но, дали знаете која е најголемата грешка што ја правиме кога кршиме јајца?
Без разлика на нашето долгогодишно искуство, при кршењето јајца, сепак успеваат да ни се прикрадат неколку лушпи кои ноншалантно ги отстрануваме како ништо да не се случило. Причината за остатоците во чинијата не е недостаток на концентрација, туку чиста физика.
Научниците „пресудиле“ во корист на рамни работни површини бидејќи кршењето јајца на рабовите на тенџерињата, шпоретот или тавите всушност ја турка лушпата во белката.
Ако сакате да го намалите ризикот од ситни парчиња во вашиот појадок или колачи, најдобро е да ставите чиста хартиена крпа на работната површина, да го скршите јајцето и да ја одделите лушпата со палците. Погледнете како тоа изгледа во видеото: