Организираниот криминал, а не политиката, тоа е проблемот што целиот свет внимателно ја прати состојбата во северниот дел на Косово, изјавил командантот на КФОР, Ерхард Билер, а пренесува Лондонски, Обзервер.
Билер додал дека “криминалците го контролираат северниот дел на Косово и тие се главниот фактор за меѓуетничките тензии во покраината, бидејќи сега нивните интереси се загрозени”.
“Организираниот криминал ги користи екстремистички групи за своите цели. Тие своите “војници ” ги мобилизирале и организирале да ставаат барикади по патиштата, изјавил командантот на КФОР.
Според информациите на КФОР, а пренесува Обзервер, организираниот криминал стои зад палењето на граничниот премин Јариње.