Постојат бројни трикови за чистење на домот кои вклучуваат неочекувани методи и состојки, кои треба да ни ги олеснат домашните работи. Меѓу нив наидовме на трик за чистење кујнски сунѓери. Во советот стои дека пред да ги измиете садовите, треба да го посипете кујнскиот сунѓер со малку сол и потоа да го прелиете со оцет. Се прашувате зошто е тоа потребно? Поради, се наведува, дезинфекција, уништување на бактерии и одржување на хигиена.
Солта е природно антибактериско средство кое го спречува растот на бактериите, додека оцетот е познат по своите антибактериски и антигабични својства. Во комбинација со сол, ефектот на дезинфекција е зајакнат. Оцетот, исто така, помага да се растворат остатоците од храна и маснотии, оставајќи го сунѓерот чист и без мирис.
Затоа, обилно посипете го влажниот сунѓер со сол, истурете бел оцет и оставете го да отстои 15 минути, а потоа повторете ја постапката од другата страна и исплакнете со чиста вода. Сунѓерот потоа е подготвен за повторна употреба и се препорачува да го миете на овој начин барем еднаш неделно. Добро е да знаете дека по миењето на садовите, сунѓерот треба да се исплакне во топла вода и добро да се исуши, бидејќи бактериите побрзо растат во влажна средина. Сепак, и покрај овие мерки на претпазливост, сунѓерите за миење садови треба да се менуваат редовно, идеално на секои две до четири недели.