Во околната шума во градот Милтон, САД, пред извесно време бил пронајден леш на ајкула. Но овој случај го прави многу чуден, фактот што најблиската солена вода е на оддалеченост од 100 км.
Нормално е некој да бил на риболов и одлучил да го фрли лешот во шумата, но некои сметаат дека случајот е малку покомплициран, бидејќи немало никакви траги од возило, или пак дека лешот бил влечен по земја.
Областа каде што е пронајден лешот е познато како место кое често го посетуваат НЛО. А особено е интересен фактот што последниот пријавен случај на НЛО се поклопува со времето кога наводно е донесен лешот во шумата.
Сега се поставува прашањето дали навистина лешот е донесен од страна на НЛО, кој претходно сакал да направи некаков експеримент врз ајкулата, и зошто токму ајкулата им била во интерес, а не некое друго морско животно.
Службено објаснување се уште не постои, но полицијата сепак смета дека се работи за криволовци кои одлучиле да го фрлат лешот.