Во текот на третиот квартал оваа година Lenovo ќе ги претстави новите уреди од својата Le линија – паметен телефон и таблет.
Lenovo минатата година на кинескиот пазар го донесе Le Phone, а оваа година лансиран беше LePad.
Новите производи во продавниците ќе пристигнат во третиот квартал, но не е прецизиран конечниот датум, ниту дали тие ќе бидат достапни на пазарите надвор од Кина.
Производите од Le – линијата до сега се продаваа само во Кина, а од оваа компанија изјавија дека ќе излезат на глобалниот пазар тек кога ќе го освојат и ќе станат господари на домашниот.
Удел на оваа компанија на пазарот на таблетс во Кина изнесува 4,2%, пишува PC World.
Lenovo пред неколку дена го претстави и A60, 3,5 инчен паметен телефон на Android, уред со пониска цена (околу 150 долари), кој ќе биде достапен само во Кина.