МАЛ ГРАД ВО ХРВАТСКА ПРОДАВА КУЌИ ЗА 0,15 ДОЛАРИ – ЕВЕ КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

popara30 јануари, 20241min00
Легард-Хрватска

Во Леград, кој се наоѓа на северот на Хрватска, куќите и градежните парцели се на пазарот за 0,15 долари – симболична цена што практично ги прави бесплатни. Овој месец, властите открија нова серија евтини имоти. Сепак, не секој може да ги купи.

Доколку сакате да аплицирате за оваа кампања,треба да знает дека потенцијалните сопственици мора да се помлади од 45 години, да се во брак или да живеат во заеднички живот, да немаат криминално досие и не смеат веќе да поседуваат имот во земјата.

Практично бесплатните домови се дел од иницијативата на малиот град за зголемување на населението од 2.000 луѓе. Иницијативата првпат е покрената пред пет години и е позната како „куќи за една липа“, објави локалниот хрватски медиум ХРТ. Откако оваа политика стапи на сила пред пет години, во Леград се родија повеќе деца, а како резултат на тоа општината ја гради својата прва градинка.

„Продадени се вкупно пет куќи подготвени за вселување. Три семејства веќе се вселиле, а она што не радува е што сите три семејства добиле нов член откако се вселиле. Ова го зголеми бројот на деца во предучилишниот центар“, изјави градоначалникот Иван Саболиќ за ХРТ.

Достапните домови имаат различни нивоа на потреби за поправка. Кога 19 куќи беа ставени на продажба во 2021 година по цена од околу 0,14 американски долари, Леград понуди да плати 3.558 долари за неопходните реновирања, објави Ројтерс. Во тоа време, од жителите се бараше да се согласат да останат најмалку 15 години, но не е јасно дали тие услови се дел од договорот за овој круг на прифатливи домови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag