Храна полна со витамин Д: Во овие зимски денови навистина ни е потребен за здрава кожа и коски

popara13 февруари, 20241min00
Screenshot_1

Недостигот на витамин Д е честа појава, а повеќе е распространета кај возрасните лица и лицата со други здравствени состојби. Експертите не знаат со сигурност колку луѓе имаат недостиг на витамин Д, но се проценува дека околу 1 милијарда луѓе, односно 13% од светското население го има овој проблем, покажува извештај од „Стар перлс“.

 

 

 

 

Луѓето го внесуваат овој витамин преку храната, но и со изложеност на сончева светлина. Во текот на зимата, кога не сме изложени на многу сончева светлина, би требало да внесуваме повеќе намирници што се богати со овој витамин, а ова се некои што ги препорачуваат експертите.

 

Млеко збогатено со витамини

 

Обичното кравјо млеко нема витамин Д, но тоа може да биде заменето со млеко збогатено со витамини. Секако, витаминот Д не е најважната хранлива состојка на млекото. Тоа е богато и со калциум, фосфор, калиум и витамини од групата Б и е добар извор на протеини.

 

Лосос

 

Оваа риба содржи многу витамин Д, а богата е и со други здрави состојки.

 

Туна од конзерва

 

Доколку барате евтина намирница со која ќе го зголемите внесувањето на витамин Д во исхраната, обидете се со туната во конзерва. Треба да внимавате да не јадете премногу туна бидејќи содржи жива.

 

Жолчки

 

Жолчките имаат здрави состојки, меѓу кои е и витаминот Д. Едно јајце содржи околу 6% од дневната препорачана доза на витамин Д, а поголемиот дел е во жолчката.

 

Сардини

 

Сардините се уште еден начин на кој може да го зголемите внесувањето на витамин Д. Може да ги јадете оние од конзерва или подготвени на друг начин.

 

Говедски црн дроб

 

На многумина не им е вкусен, но е една од најхранливите намирници што може да ги јадете бидејќи содржи витамин Д и други хранливи состојки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag