Леонардо ди Каприо одлучи да го прекрши сопственото правило дека излегува само со жени помлади од 25 години. Имено, тој бил снимен во еден клуб во Беверли Хилс со 33-годишната манекенка Тејана Тејлор.
Фотографиите на кои тој тесно ја прегрнува и таа го допира по неговото лице го привлекоа вниманието на корисниците на социјалните мрежи.
„Ова е голема промена за него. Се обложувам дека не е навикнат на „постари“ девојки“, „Толку од тоа што е во сериозна врска со Виторија Черети“, „Тој е среќен човек. Тејана е убава“, се некои од коментари.
Bae Leonardo DiCaprio & co-star in his new film Teyana Taylor were spotted chatting at a pre-Oscars party.
(Credit: The Shade Room)#LeonardoDiCaprio pic.twitter.com/CtaNfgGqbp
— Daily Leo DiCaprio (@dailyleodicapri) March 10, 2024
Тејана се занимава и со танц, глума и пеење. Таа првпат го привлече вниманието на јавноста во 2007 година, по кореографијата на хитот на Бијонсе „Ring The Alarm“.
Таа имаше можност да соработува со Џеј Зи, Фарел Вилијамс, Канје Вест и многу други познати личности.
Таа се омажи за кошаркарот Иман Шумперт во 2016 година. Со него имаше две деца. Во септември минатата година објавија дека се разведуваат.