Откако Бијонсе објави две песни во кантри-стил придружени со кантри музички спотови, сè повеќе гледаме каубојски чизми и капи на улиците. Емили Ратајковски веќе неколку недели ја гледаме во каубојски чизми како гордо се шета по прометните американски улици. Фарел Вилијамс отиде чекор понатаму и подготви цело шоу во каубојски стил за Луј Витон.
@sachashoes COWBOYBOOTS | Channeling my inner Beyoncé with our new cowboyboots! Don’t miss out on these! 🤠 #sacha #texasholdem #beyonce #cowboyboots #westerncowboyboots #westernboots #countrymusic #tiktokmademebuyit #fy
Враќање на каубојскиот стил
Тиктокерките со задоволство ја покажуваат својата кантри облека и колекции на модни детали, а во продавниците гледаме се повеќе облека со реси. Јасно е дека малку заборавениот тренд се враќа.
Многумина одлучија да споделат совет со другите како најдобро да ги комбинираат каубојските чизми со остатокот од нивната гардероба.
@styledbykimkj i love cowboy boots and have so many more ideas so let me know if you guys like them and want to see more options! #cowboybootsoutfit #stylingtips #springfashion2023
Од капи до чизми
Во бутиците има сè повеќе модели на каубојски чизми, капи и други модни детали за сите кои го сакаат овој тренд кој одлично оди со тексас здолништа и панталони кои стануваат се попопуларни благодарение на трендот на двојниот тексас.