Јапонски тестенини

popara10 август, 20111min00
japonskitestenini

Чекор 1

Наполнете голем сад со вода и сол и оставете да зоврие. Додадете ги шпагетите да се сварат, но пазете да не ги преварите. Потоа на друго место во тавче ставете го маслото за готвење, путерот и кромидот. Гответе две минути на силен оган. Потоа додадете ги печурките и гответе уште три минути.

Чекор 2

Доколку сакате додадете свеж зелен зачин (магдонос, босилок, целер, рузмарин итн) и промешајте добро 2 минути.

Чекор 3

Во приготвениот сос додадете половина шоља од водата каде се вареле шпагетите. На друга страна исцедете ги шпагетите и вратете ги во празното тенџере. Врз исцедените шпагети прелијте го приготвениот сос, додадете го соја сосот и мешајте добро. На крај додадете црн бибер и измешајте добро повторно.

На крај можете да ги послужите со пармезан.

Потребни состојки:

–   шпагети

–   2 чешниња кромид

–   Печурки, по правило треба шитаке

–   2 супени лажици соја сос

–   2 супени лажици путер

–   2 супени лажици масло за готвење

–   Црн бибер

–   По сопствен вкус можете да ставите и свеж зелен зачин или пак рукола, спанаќ

–   Пармезан

Време на подготовка 30 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag