Работи кои не треба да ги носите доколку патувате со авион

popara14 април, 20241min00
Screenshot_4

Авионот е превозно средство со кое најбрзо може да стигнете до посакуваната дестинација, но сепак треба да обрнете внимание на неколку детали доколку се одлучите за него. Постојат повеќе причини поради кои треба да внимавате што носите со вас кога патувате со авион, како што е аеродромската контрола. Покрај накитот, градникот и парфемот, постојат уште 4 работи кои треба да ги избегнувате по секоја цена доколку патувате на овој начин.

 

 

 

 

Голем накит, многу накит

Накитот, најчесто металниот, ќе ве забави и вас и останатите патници за време на аеродромската контрола, особено ако не можете лесно да го извадите. Затоа најдобро е да го носите во вашиот рачен багаж за да ја олесните целата процедура. Покажете почит кон надредените на авионската контрола, а со тоа ќе покажете дека имате почит и кон самите и своето време (особено ако не сакате да привлечете внимание).

 

Тесна облека

Без разлика дали се работи за панталони, здолниште, роба, јакна или маичка, избегнувајте ваков вид облека поради едноставна причина – кога патувате со авион, додека тој се движи на голема височина, телото отекува, па така тесната облека ја спречува правилната циркулација на крв и протокот на течности во организмот.

 

Земете пример од светските ѕвезди и модели кои секогаш патуваат во широки панталони. Дали мислевте дека тоа е без причина? Размислете повторно!

 

Неудобен градник

Нема ништо полошо од чувството на болка во рамената или притиснатите гради додека седите во авион. Најдобро е да одберете спортски градник без жици, а пуш-ап градникот оставете го за друга прилика.

 

Шорцеви, мини здолниште и маички со рамки

Постојат 3 причини зошто не треба да носите ваква облека додека патувате со авион. Има голема шанса да замрзнете поради одредените стандарди за климатизација во авионот. Втората причина е тоа што вашата кожа ќе биде изложена на контакт со нечисти површини и не е препорачливо да бидете со гола кожа поради сигурносните процедури во случај на пожар или евакуација.

 

Парфем

Кога сте во авион, воздухот го делите со многу луѓе во прилично мал и ограничен простор. Затоа имајте на ум дека она што ви е убаво вам може да биде тортура за другите, а исто така може да претставува и проблем кај лицата кои страдаат од астма или имаат проблеми со дишењето.

 

Високи потпетици и апостолки

Овде се работи за вашата сигурност. Високите потпетици, влечки, папучи или апостолки можат значително да ве забават доколку се појави итен случај, како на пример, касните на аеродромот и треба да го забрзате темпото за да стигнете на време и да не го пропуштите летот. Со ваков вид обувки ризикувате многу. Облечете удобни и практични обувки.

 

Гломазни јакни

Избегнувајте да носите вакви јакни додека патувате во авион. Подвижноста ќе ви биде ограничена, особено во кризните ситуации и ќе го намалите просторот на оние кои седат покрај вас, што е многу непристојно. Никој не платил карта за да дели седиште со вашата јакна.

 

Во секој случај, доколку патувате со авион, имајте на ум дека треба да бидете облечени во едноставна и практична облека. На тој начин, брзо ќе ја поминете авионската контрола и лесно ќе се сместите во авионот без да им засметате на останатите патници.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag