Дали се плашите од летање, а приказните за авионски несреќи поради силни турбуленции што ги читате последните денови само ве преплашуваат? Можеби ќе ве утеши приказната за австралискиот пилот Џими Николсон, кој вели дека ситуациите како трагичната на летот на Singapore Airlines се „многу редок и тажен настан“.
Тој објаснува дека авионот на летот SQ321 „контролирано се спуштил“ и не „паднал поради турбуленции“. Тој ја објасни разликата во видеото што го сподели на неговиот профил на TikTok. Откако беше објавено на 23 мај, ова видео е прегледано повеќе од 1,2 милиони пати.
Николсон зборуваше и за деловите од светот каде што може да се очекуваат „најлоши турбуленции“ и ја посочи областа околу екваторот позната како зона на конвергенција.
@jimmy_nicholson Singapore airlines flight SQ321 severe turbulence, what the media isnt telling you #SQ321 #pilot #turbulence
„Овде, ветровите од северната хемисфера се спојуваат со јужната хемисфера, често предизвикувајќи лошо време и турбуленции. ITCZ (Интертропска конвергентна зона) се менува во текот на годината“, вели тој во видеото.
Николсон изјави за Newsweek дека во ИТЦЗ често може да има „големи кластери високи кумулонимбусни облаци“ или грмотевици.
„Секогаш ги избегнуваме тие облаци. Ако прелетате низ еден, речиси сигурно ќе доживеете силни турбуленции. Добрата работа е што радарот ни покажува точно каде се тие облаци“, објасни тој.