Будали се котат како зајци:)! Заложничка криза во Естонија!!

13 август, 20110
estonija_naslovna_416665S1

Вооружен маж кој испукал неколку истрели од огнено оружје насилно влегол во зградата на Министерството за одбрана во Талин, Естонија. Вооружениот маж, подоцна во операцијата на специјалните полициски сили бил застрелан, известува АФП. Во престрелката никој не е бил повреден, а двајца заложници биле ослободени. Полицијата соопштила дека напаѓачот бил поранешен член на естонските вооружени сили.

Вооружениот маж ја заземал зградата на Министерството за одбрана, но за кратко време пристигнала полицијата и ја опколила зградата. Според локалните медиуми, луѓето скокале од прозорци за да се спасат од напаѓачот.
Специјалните полициски сили за кратко време влегле во Министерството за одбрана и го совладале напаѓачот. Се верува дека судирите се случиле на првиот кат во зградата, наводно, едно од најбезбедните делови во Министерството за одбрана во Талин.

По борбите во зградата влегле и полициски кучиња за да им помогнат во пребарување на потенцијалните експлозиви.

Министерот за одбрана, Март Лар не бил во зградата за време на нападот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi