Ова растение треба да го има во секоја куќа: Се смета дека носи пари, но внимавајте на една работа

popara11 јуни, 20241min00
image_2024-06-11_212547364

Ова е едно од најпопуларните растенија за во затворен простор, расте брзо и лесно и е долговечно, но има една работа на која треба да внимавате доколку го украсува и вашиот дом.

Дрвото на пари (лат. Crassula ovata) е домашно растение кое лесно се одржува, а се верува дека носи среќа и пари.

Красула треба да биде поставена во близина на влезната врата бидејќи се верува дека носи пари во куќата. Ова растение е познато и како растение на пријателството, па затоа често се подарува на саканите, верувајќи дека на тој начин му покажувате благодарност на пријателот, на тој начин му покажувате дека сакате да го споделите богатството со нив.

Се состои од гранки кои личат на мали стебла и месести, овални лисја. Токму поради тоа што се смета за симбол на среќа, дрвото на пари е одличен избор за подарок.

Ова растение има се нарекува и јапонско или кинеско дрво на пари.

Ова се растенија кои припаѓаат на родот Crassula и може малку да се разликуваат едно од друго. Најпопуларен вид е Crassula ovata.

Како да се одржува растението?

Доколку имате мачка или куче, дрвото на пари треба да биде поставено далеку од нив, бидејќи сите делови од растението се токсични за животните.

Дрвото на пари треба редовно да се полева, но треба да внимавате да не го полевате премногу често. Почвата во која се наоѓа дрвото не смее целосно да се исуши, па најдобро е да ја полевате кога ќе почувствувате дека горниот слој на почвата е сув под прстот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma