Хороскопот ќе ви каже како да се облечете :)… читај како! :)

popara15 август, 20111min00
obleka1

На Овенот добро му стои црвено, Стрелецот најдобро изгледа во фармерки, а Шкорпијата сака маркантни дезени. Луѓето не би имале проблем со идеалната гардероба доколку се облечени во согласност со карактеристиките на својот хороскопски знак, тврдат астролозите.

ОВЕН
Припадниците на овој знак се активни и динамични, а својата храброст се подготвени да ја покажат и со смели комбинации. Облека со дефиниран стил, асиметрични кроеви и елегантно женствена гардероба е омилен избор за жените родени во овој знак. Најдобро им стојат црвената и белата, а треба да се избегнуваат пастелни дезени. Викторија Бекам е класичен пример за тоа како се облекуваат жените во овој знак.

БИК
Жените родени во овој знак обично се опишуваат како нежни, слатки и тврдоглави. Тие сакаат да носат модерна и женствена облека, а во секоја комбинација е присутно и влијанието на класичниот стил. Сакаат нежни бои како розова и крем, а познат претставник на модниот стил на овој знак е Кејт Бланшет.

БЛИЗНАЦИ
Нивната гардероба обично означува младешки стил, шаренило на весели бои и светли дезени, како и удобна облека. Иако не сакаат да носат класична облека и костими, лесно го трансформираат својот изглед од девојка до дама и на крај секси заводничка. Претставник на модниот стил на овој знак е Кајли Миног.

РАК
Жените ракови имаат истенчен вкус за облека, многу повеќе од другите хороскопски знаци. Општо земено, подобро изгледаат во здолништа и фустани кои ја истакнуваат нивната женственост, одошто во панталони. Типичен пример за моднот стил на овој знак е Ева Грин, симбол на дискретна и едноставна елеганција.

ЛАВ
Драматичните и живописни бои како жолта, загасито црвена и пурпурна се најдобар избор за жените родени во овој знак. Тие се склони кон експериментирање, не двоумејќи се да облечат мини здолниште или деколтирана маичка и на тој начин го истакнат својот сексапил. Мадона е типичен претставник на жена Лав.

ДЕВИЦА
Тие посветуваат големо внимание на деталите, сакаат беспрекорни кроеви и провидни ткаенини. Совршени бои за Девицата се природните тонови како крем, сива, жолта и маслинесто зелена. Противници се на животински дезени, сјајна полиестерски ткаенини и впечатлив накит, па се верни на модните класици. Пример на овој стил Бијонсе.

ВАГА
Тие сакаат хармонија и рамнотежа, како во животот така и во облекувањето. Меки ткаенини што ги нагласуваат облините, како и свилени блузи и фустани е нивен омилен избор. Од боите најдобро им одговараат морнарско сината и црната. Елеганцијата на една жена во овој знак најдобро ќе се искаже со долг фустан. Модна икона на овој знак е Гвинет Палтроу.

ШКОРПИЈА
Пропадниците на овој знак се страсни и сензуални, а најчесто така и се облекуваат. Темно сина, црвена и црна најмногу го истакнува нивниот карактер и треба да избегнуваат строго скроени костуми. Свила, сатен и кадифе им се омилени ткаенини, а моден претставник на овој знак е американска актерка Рејчел Mек Адамс.

СТРЕЛЕЦ
Припадниците на овој знак се многу активни и постојано се во движење, па најважно им е да нивната облека биде практична. Им се допаѓа едноставната гардероба и иако може одлично да изгледаат во фустан, најдобро се чувствуваат во тренерки. Нивниот избор за секоја ден се фармерки, сандали и еднобојна маичка. Претставник на овој моден стил е Скарлет Јохансон.

ЈАРЕЦ
Суптилноста и благиот конзерватизам е нивно главно одбележје, но тие сепак имаат префинет вкус за мода. Најмногу сакаат да носат потемни бои и не се ексцентрични кога станува збор за модата. Елегантни панталони, кошула и мал црн фустан се задолжителни во нивниот плакар. Пример за овој моден стил е Кејт Мидлтон.

ВОДОЛИЈА
Ексцентрични и неконвенционални, припадниците на овој знак често го игнорираат она што другите го мислат за нив. Светли живописни бои и необични модели се главните карактеристики на нивните моден стил. Моден претставник на овој знак е За За Габор.

РИБА
На нежните риби најдобро им стојат живописни и светкави бои што ја истакнуваат нивната сензуалност, како и златна, сребрена, бела и зелена. Бидејќи тие не сакаат да привлекуваат внимание одбираат еден детал во светкава боја, додека остатокот од комбинацијата е неутрален. Преферираат да носат ниски сандали или високи потпетици. Претставник на овој знак е Синди Крафорд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag