Зошто на добрите луѓе им се случуваат лоши работи?

popara13 октомври, 20241min00
Screenshot_8

Така е скроен животот сине, велеше баба ми. Добрите се најчесто и многу вредни. И пожртвувани луѓе. Ќе си скратат од сопственото јадење и пиење за да му принесат на некој друг. Ќе ти ги позајмат и последните пари доколку ти се неопходни.

 

 

 

 

Тие се луѓето кои ќе ти се јават без никаков повод или причина, чисто да те прашаат како си, добар ли си со здравјето. Се крепиш ли, ти треба ли нешто? И многу поздрав до сите дома. Порано тоа беше вообичаено, денеска кога ти ѕвони некој знаеш дека е за некаква си услуга.

 

Добрите луѓе се најчесто така скроени, наивни и добродушни до границата на глупавост. Да помогнат, да учинат секому, неретко на сопствена штета. И пак на крајот не чинат. Па си ја чукаат главата каде и кому погрешиле, додека другите не даваат 5 пари за нив и не ги боли увото.

 

Да си добар, што беше тоа? Да ветиш нешто и да го исполниш без разлика на цената. Да не си го погазиш достоинството. Да те боли и пече не само онаа кон тебе, туку и неправдата која им е нанесена на луѓето што ги сакаш.

 

Да имаш чист образ и уште почисто срце. Да си легнеш со мирна совест, да станеш одморен со неизвалкана душа. Да му подадеш рака и на оној кого не го познаваш. Да не очекуваш да профитираш од секоја ситуација. Да не се буткаш кога има „муфте“ доколку не ти е потребно нештото.

 

Да не те придвижува алчност и злоба. Да не те весели туѓата несреќа, да не се смееш на туѓите солзи, туку да им подадеш шамивче. Да си среќен и задоволен со тоа што го имаш. Да го цениш чесно заработеното, а не да бидеш бунар без дно.

 

Си имав неколку такви пријатели. Бисери во куп сено. И како за беља, секогаш им се случуваа најлошите работи. Болести, несреќи, умирачки. Како да се прилепуваа на најдобрите и на најскромните. Дерман да се немало, да не може да поживее човек раат.

 

Кому му погрешиле, што направиле толку лошо, па да се така најстрого казнети? Помина животот, а уште не добив одговор – зошто на најдобрите луѓе им се случуваат најлошите работи? Има ли правдина на веков?

 

А злобните, тие немаат гајле. Образ ѓон, душа – црнила. Само гледаат некому да наштетат, да му напакостат. Од чиста мир. Да го накодошам овој, да му се изнасмеам на оној. Им се храни душичката од туѓите несреќи.

 

Слепи за правда, глуви за неправда. Тие да живеат како бубрег во лој, нив да им е најубаво. За другите нема да му ја мислиме. Себични и саможивни. Ќе разделат дете од родена мајка само за да ја постигнат целта.

 

И топ не ги бие, такви (нена) ситни. Среќата е секогаш на нивната страна. По некое непишано правило животот им приредува убавини што не ги заслужуваат. И на тие не знаат искрено и од срце да им се израдуваат. И на убавите нешта ќе им изнајдат илјада маани.

 

Додека се молиш за капка среќа, кај некои се прелева и вечно незадоволни, со погани јазици. Ексик да е животот, си велиш понекогаш. За што сме родени, да се мачиме и да страдаме? Чуму добрината кога очигледно следува само казна?

 

И ќе осамне утрото и повторно истото од почеток. Добриот човек си е едноставно добар. Таков си е скроен. Не се менува и покрај сите несреќи коишто ќе го снајдат. Срцето му останува меко, мозокот за расудување правичен и незаматен. И животот најчесто го зема прерано, па се прашуваш зошто, ЗОШТО?

 

А злобните, тие сине ќе живеат до 100… кој може да ти каже зошто е тоа така.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag